Свет Европа Еден загинат при несреќа на најголемиот крстосувач на светот

Еден загинат при несреќа на најголемиот крстосувач на светот

Едно лице загинало, а четири се потешко повредени кога чамец за спасување се откачил и паднал во вода од најголемиот брод за крстосување во светот „Хармони оф сеас“.

Трагедијата се случила додека бродот бил во пристаништето во Марсеј, Франција.

Портпаролот на противпожарната служба потврди дека едно лице е загинато, а четири се повредени, од кои две се во критична состојба.

Помошникот градоначалник на Марсеј, Жилијен Ријас, изјави дека чамецот паднал за време не безбедносните вежби. Тој додаде дека чамецот паднал во вода од висина од десет метри додека во него се наоѓале пет лица, сите членови на екипажот.

Загинатиот е 42-годишен Филипинец, а националноста на повредените лица сè уште не е позната.

Луксузниот крстосувач кој е долг 362 метри, широк 66 метри и висок 72 метри, е сопственост на компанијата за крстосување „Ројал Карибијан“.