Македонија Еден загинат и еден тешко повреден пешак во сообраќајки вчеравечер

Еден загинат и еден тешко повреден пешак во сообраќајки вчеравечер

Сообраќајката со смртни последици се случила во Нов Дојран

Фото: Rico Löb from Pixabay

Во две сообраќајни несреќи што се случиле вчеравечер, еден пешак го загубил животот, а жена задобила тешки телесни повреди, соопшти МВР.

Сообраќајката со смртни последици се случила во Нов Дојран. Како што пренесува полицискиот билтен, на улицата „Маршал Тито“ патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран. На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Отприлика час и половина порано било пријавено дека во Скопје, на бул.„Никола Карев“, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(34) од с.Студеничани, удрило во пешакот В.Б.(61) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.