Економија ЕБОР со 64 милиони евра ќе ја кредитира изградбата на патот Штип...

ЕБОР со 64 милиони евра ќе ја кредитира изградбата на патот Штип – Радовиш

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе ја зајакне транспортната инфраструктура со финансирање на модернизацијата на македонската национална патна мрежа со кредит до 64 милиони евра, соопшти ЕБОР.

Финансирањето ќе се искористи за подобрување на 39 километри од националниот патен правец што ги поврзува градовите Штип и Радовиш.

Како дел од патот А4, подобрениот патен правец ќе ги поврзе и новиот автопат Миладиновци – Штип, автопат кој води до секцијата каде што се сечат двата југоисточни паневропски коридора (Коридор 8 и Коридор 10).