Македонија ДЗС: Во некои региони потребна е дополнителна механизација за расчистување на снегот

ДЗС: Во некои региони потребна е дополнителна механизација за расчистување на снегот

Локалните власти во Зелениково, Чучер – Сандево и во Липково побарале дополнителна градежна механизација за справување со снежните наноси, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Од дирекцијата велат дека во регионите зафатени со снежни наноси, биле ангажирани четири градежни машини.

ДЗС, како што изјавуваат оттаму, била подготвена да интервенира со дополнителна механизација за справување со снежните наноси на поголем дел од територијата на Македонија.

За наредните денови УХМР предивидува суво, но многу студено време, со температура под минус 10 Целзиусови степени.