fbpx
Таг: снежни наноси

таг: снежни наноси

Граѓаните да не го користат превојот Галичица на патот Трпејца-Отешево, неколку возила заглавија во снегот

Планинскиот превој на Галичица на регионалниот пат Р504 меѓу Трпејца и Галичица да не се користи за сообраќај, апелираат до граѓаните од Планинската спасителна служба во Охридскиот регион, кои изминатиов период имаа интервенции за одглавување на возила на патот. Тие велат дека граѓаните треба строго да се придржуваат до сообраќајните правила и поставената сигнализација и да не го користат...

Укината забраната за камиони на превоите Ѓавато и Стража и на патот Струга – ГП Ќафасан

Во 8.20 часот утрово е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Ѓавато и на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, а од 8:30 часот се укинува и забраната за камиони на планинскиот превој Стража. АМСМ претходно соопшти дека забраната за сообраќај на камиони од 5.20 часот е укината и за планинскиот превој Плетвар и...

Селата Малино и Брест отсечени поради снегот

Селата Малино и Брест на Скопска Црна Гора се отсечени од светот, бидејќи патот што води до нив е завеан, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје. За ситуацијата е известена Општина Чучер-Сандево, и се очекува да се преземат мерки за патот да се расчисти од снегот. Во моментов во овие две села и во Танушевци има струја.

ДЗС: Во некои региони потребна е дополнителна механизација за расчистување на снегот

Локалните власти во Зелениково, Чучер - Сандево и во Липково побарале дополнителна градежна механизација за справување со снежните наноси, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Од дирекцијата велат дека во регионите зафатени со снежни наноси, биле ангажирани четири градежни машини. ДЗС, како што изјавуваат оттаму, била подготвена да интервенира со дополнителна механизација за справување со снежните наноси на поголем дел од територијата на...

Поради снегот и студот, прогласена вонредна состојба во 10 општини во Србија

Поради снегот и екстремно ниската температура, во Србија и понатаму на сила е црвениот метеоаларм, а во десет општини, во централниот и во јужниот дел на земјата, прогласена е вонредна состојба. Според податоците од Автомото-сојузот на Србија, големите снежни наноси и силниот ветер го отежнуваат сообраќајот, но и покрај ваквата состојба, сите патишта се проодни. Изминатата ноќ најкритично беше на југот...

Блокирани патишта и отсечени села во источна Македонија поради големи снежни наноси

Со интервенција на полицијата повремено се пропуштаат возила од двете страни на патот Штип – Кочани, каде сообраќајот неколку часа беше во целосен прекин поради големите снежни наноси. Силниот ветер што дуваше цела ноќ, а продолжи и утрово, создаде наноси високи и до два метри кај селото Крупиште, поради што привремено беше затворен патот Штип – Кочани. На барање...

Блокиран патот Тетово – Јажинце, отсечени неколку села од Мавровско-реканскиот крај

Голем снежен нанос синоќа по полноќ го затрупа патот Тетово - Јажинце, на само 200 метри од граничниот премин Јажинце. Повеќе возила на ова место се заглавени, а патниците се згрижени на граничниот премин и во селото Јажинце, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Од Јавното претпријатите „Македонија пат“ - секција Тетово, велат дека нивни екипи со специјална механизација...

Поради снегот, сообраќајот на неколку патни правци и понатаму во прекин

Сообраќајот на дел од патните правиц во земјава и понатаму е во прекин поради заглавени возила и чистење на снежните наноси. Како што информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ), магистралниот пат А3, Штип - Кочани, од селото Крупиште до бензиската пумпа „Ваго“ од 6 часот утрово е во прекин, поради чистење на снежни наноси, а на автопатот Велес -...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...