Македонија Двојно убиство во Челопек, приведен е 60-годишен роднина

Двојно убиство во Челопек, приведен е 60-годишен роднина

Дополнително, уште едно лице a и самиот осомничен се здобиле со повреди

Фото: David von Diemar on Unsplash

Жител на тетовското село Челопек од 60-годишна возраст со огнено оружје усмртил двајца негови роднини, а еден повредил, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Осомничениот исто така се здобил со повреди, најверојатно од огнено оружје.

Лицето И.И. е приведено во полициска станица по пријава во 14 часот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.