Хроника Двегодишно дете пријавено за исчезнато во Прилеп

Двегодишно дете пријавено за исчезнато во Прилеп

Двегодишно дете вчеравечер било пријавено за исчезнато во полициската станица во Прилеп.

Како што инфромираат од МВР, вчера околу 19.30 часот, во полициската станица во Прилеп, 52-годишната С.А. од градот пријавила дека истиот ден, околу 15 часот, од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот двегодишен внук.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на детето.