Хроника Две опожарени возила во Штип

Две опожарени возила во Штип

Вчера во 1.20 часот во Штип, на улицата Сутјеска, од непознати причини настанал пожар во паркирано моторно воизло „венто“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на такси-компанија, во кој била опожарена внатрешноста на возилото во пределот на маската, седиштата и на вратите.

Од пожарот дошло до оштетување на возилото„форд фокус“, сопственост на Р.К. (42) од Штип, кое било паркирано до опожареното возило.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Штип. Причината за настанување на пожарот, како и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.