Македонија Две лица повикани во полиција во врска со нападите во Собрание на...

Две лица повикани во полиција во врска со нападите во Собрание на 27 април

Лицата Ц.Г. (49) и П.И. (33), двајцата од Скопје, вчера биле повикани во полиција во врска со нападите во Собранието на 27 април при што беа повредени неколку пратеници, новинари и граѓани, соопшти МВР во дневниот билтен.

МВР информира дека поканата во полиција следувала по преземените мерки и активности на Единицата за насилен криминал во СВР Скопје, која извршила преглед на видеозаписи за идентификување останати лица кои во инцидентот во Собранието презеле дејствија со елементи на кривично дело.

По извршените разговори и земените отпечатоци, Ц.Г и П.И биле слободени, а во консултации со јавен обвинител ќе им биде поднесен соодветен поднесок.