Хроника Две лица ограбиле скопјанец

Две лица ограбиле скопјанец

Две лица вчера насилно влегле во куќата на седумдесетгодишен скопјанец и го ограбиле.

Како што соопштија од МВР, настанот се случил ноќта во петок кон сабота, околу 3.30 часот, во Скопје, на улица Стеван Димески, кога две непознати маскирани лица насилно влегле во куќа, сопственост на Б.Т. (70). Сторителите го истуркале Б.Т. и од паричник му одзеле околу 4.500 денари.

Од министерството информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.