Главна секција Две лица убиени во антитерористичка акција во Белгија

Две лица убиени во антитерористичка акција во Белгија

Белгиската полиција попладнево уби две лица во градот Вервие. Тие штотуку се вратиле од Сирија и биле прислушувани од властите.

Полицајците упаднале во станот каде се наоѓале осомничените, а по неколку минути се слушнало пукање.

Не е познат идентитетот на жртвите.

Истовремено се спроведува антитерористичка акција и во Брисел, каде се смета дека постојат џихадистички жаришта.

Вечерва во метро-станицата Рибокур во Брисел, едно лице им се заканило на три случајни минувачки викајќи „Алаху aкбар“, јавуваат медиумите.

Т.М.