Свет Европа Две бомби експлодирале во Дрезден, едната во џамија

Две бомби експлодирале во Дрезден, едната во џамија

Германската полиција соопшти дека во понеделникот вечерта во Дрезден експлодирале две импровизирани бомби.

Едната била поставена во локална џамија, а при експлозиите никој не е повреден.

– Иако досега никој не презеде одговорност, мотивот најверојатно е ксенофобија – наведе шефот на дрезденската полиција, Хорст Кречмар.