Македонија Двата најсовремени апарати за магнетна резонанца се инсталираат во Универзитетскиот Институт за...

Двата најсовремени апарати за магнетна резонанца се инсталираат во Универзитетскиот Институт за радиологија

Фото: Фејсбук профил на министерот Венко Филипче

За првпат во јавното здравство, во нашата држава, се инсталираат два апарати за магнетна резонанца со јачина од 3 Tesla. На овие апарати ќе се прават најсовремени снимки со што ќе се овозможи најпрецизна дијагноза за многу болести кај наши пациенти. Еден од модулите за дијагноза ги нема ниту во центрите во регионот, соопшти денес министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот додаде дека во ЈЗУ Универзитетски Институт за радиологија во Скопје традиционално се дијагностицираат најкомплексните состојби во медицината кај нас. Со новите апарати капацитетот на Инстиутот ќе се зголеми за 50%, а пациентите повеќе нема да чекаат.

Овие две магнетни резонанци се од вкупно петте магнети кои се монтираат ширум државата. Филипче соопшти дека освен на Институтот за радиологија во Скопје вакви најмодерни апарати веќе се инсталираат во Кавадарци, Охрид и Кичево.