Македонија Дванаесет новинари во „Телма“ прогласени за технолошки вишок

Дванаесет новинари во „Телма“ прогласени за технолошки вишок

Дванаесет вработени во „Телма“, со одлука на раководството, денеска се прогласени за технолошки вишок, јавува „Плусинфо“.

Меѓу нив се и докажани новинарски имиња како Панта Џамбазовски, Емилија Лазаровска, Томислав Османли, Виолета Зајкова, Соња Николовска, Јулијана Лефковска-Пешевска и други вработени во информативната, културната и во забавната редакција на телевизијата.

Тие не добиле образложение зошто е донесена таквата одлука, но во писменото известување било наведено дека тоа е заради намалување на трошоци.

Денеска Синдикатот на вработените на „Телма“ очекува да има средба со раководството за да може да добие подетални информации за одлуката, по што ќе излезе и со став во јавноста.

Од Независниот синдикат на новинари и медиумски работници велат дека не биле консултирани за одлуката и најавуваат дека во текот на денот очекуваат средба со раководството на телевизијата.