Хроника Двајца жители на Македонски Брод осомничени за пустошење шума

Двајца жители на Македонски Брод осомничени за пустошење шума

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривична пријава против Ј.Ц. (35) и В.Ц. (37) од Македонски Брод, кои се товарат за пустошење шума.

Според полицијата, првоосомничениот во март оваа година, во селото Долни Манастирец, повеќепати незаконски исекол околу 23 кубни метри дабово дрво, сопственост на „Македонски шуми“.

Кон средината на март, пак, полициски екипи, при контрола на возило, марка „цитроен џампер“, кое го управувал В.Ц., откриле нежигосани три кубни метри дабово дрво, наманети за продажба, а за кои осомничениот не поседувал документација.