Свет Балкан Двајца загинати во несреќа на градилиште во Сараево

Двајца загинати во несреќа на градилиште во Сараево

Две лица загинаа, а едно e тешко повредено во несреќата што попладнево се случи во центарот на Сараево, БИХ каде на градилиште на улицата Хисета се урна скеле од објект во изградба.

Портпаролот на босанското МВР, Ирфан Нефиќ, извести дека се испитува причината за несреќата, објави „Аваз“.

Директорот на Федералната управа за цивилна заштита, Фахрудин Солак, потврдил дека најголемиот дел од крупниот материјал е расчистен и дека на местото на несреќата не се пронајдени повеќе жртви.