Хроника Двајца загинати при судир на автомобил и автобус во Кисела Вода

Двајца загинати при судир на автомобил и автобус во Кисела Вода

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи меѓу автобус на ЈСП и патничко возило „рено 19“ со скопски регистарски таблици, управувано од 30-годишниот Никола С.

Во незгодата, на самото место починале возачот и сопатникот Љупчо С.(30) од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле пет патници од автобусот, кои биле пренесени во градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Екипа на СВР-Скопје извршила увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на случајот.