Хроника Двајца скопјани и жителка на Раотинце пријавени за исчезнати

Двајца скопјани и жителка на Раотинце пријавени за исчезнати

Двајца повозрасни скопјани и 31-годишна жителка на тетовското село Раотинце вчера биле пријавени за исчезнати од нивни блиски во локалните полициски станици.

Како што инфромираат од полицијата, вчера околу 14 часот, Д.З. (35) од селото Раотинце пријавил дека во саботата неговата сопруга М.З. (31) излегла од дома и оттогаш не се вратила.

Скопјанката Е.К. (70), околу 21.15 часот, во полициската станица Аеродром пријавила дека истиот ден од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг Т.К. (73).

Вчеравечер околу 21 часот, во полициската станица Ѓорче Петров, С.С. (58) пријавила дека истиот ден во непознат правец се оддалечила 84-годишната Л.П.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.