Хроника Двајца радовишани осомничени за шверц на мигранти

Двајца радовишани осомничени за шверц на мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против двајца браќа од Радовиш, осомничени за илегален транспорт на мигранти, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, на 1 декември, на локалниот пат меѓу селата Миравци и Удово, полициски службеници откриле 13 мигранти од Ирак во возило, марка „мерцедес“, сопственост на еден од осомничените.

Според полицијата, како претходница на „мерцедесот“ во кој биле мигрантите, се движело друго возило, марка „опел вектра“, што го управувал братот на првоосомничениот.

Тие за паричен надомест требало да ги превезат мигрантите до македонско-српската граница, велат од полицијата.