Хроника Двајца радовишани осомничени за оштетување експонати во локалитетот Баргала

Двајца радовишани осомничени за оштетување експонати во локалитетот Баргала

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против две момчиња од Радовишко, осомничени дека на средината од ноември оштетиле 10 керамички садови во археолошкиот локалитет Баргала во Штип.

Како што информираат од полицијата, станува збор за Б.У. (19) од радовишкото село Али Коч и С.С. (18) од селото Парналија, исто така кај Радовиш, кои, според пријавата, се товарат за оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Според полицијата, осомничените на 10 ноември годинава, на археолошкиот локалитет Баргала во Штип, кој е под привремена заштита на културното наследство на Република Македонија, влегле во една од просториите на локалитетот и со употреба на физичка сила и на тврд предмет оштетиле 10 керамички садови питуси со што причиниле материјална штета од непроценлива вредност.