Хроника Двајца осомничени за фалсификување потврди за хомологација

Двајца осомничени за фалсификување потврди за хомологација

Гостиварската полиција поднела кривични пријави против скопјанецот А.О. (48) и Т.З. (42) од Прилеп, осомничени за фалсификување исправа.

Како што информираат од полицијата, осомничените со помош на скенер и на компјутер, во домот на Т.З. изработувале фалсификувани потврди за хомологација, кои потоа ги продавале на лица што увезувале возила од странство.