Хроника Двајца мигранти откриени во возило на патот Куманово – Крива Паланка

Двајца мигранти откриени во возило на патот Куманово – Крива Паланка

На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај местото Нато-клучка, од страна на полициски службеници било сопрено патничко возило „бе-ем-ве“, сопственост на Ф.И. од Скопје, а управувано од Г.С. (44) од Велес.

При прегледот на возилото, пронајдени се двајца мигранти од Авганистан и од Ирак.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.