Хроника Двајца кумановци осомничени за злоупотреба на безвизниот режим

Двајца кумановци осомничени за злоупотреба на безвизниот режим

Регионалниот центар за гранични работи Север поднел кривична пријава против кумановците П.В.(56) и Д.С.(56), кои се товарат за злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор.

Според полицијата, првоосомничениот П.В., откако за сума до 1.500 евра договорил транспрот на шестмина баратели на азил, го најмил Д.С. за 30 евра да ги пренесе лицата од Куманово во Србија, од каде потоа требало за заминат во Германија.