Хроника Двајца кавадарчани украле павијан од скопската зоолошка градина

Двајца кавадарчани украле павијан од скопската зоолошка градина

Вчера попладне, околу 17.30 часот, двајца посетители украле мајмун од видот павијан во скопската Зоолошка градина, соопшти денеска полицијата.

Како што информираат оттаму, двајцата посетители со алат пресекле делови од челичните жици од мрежестата ограда и низ отворот го извлекле животното. Потоа, според полицијата, тие најверојаттно ја прескокнале затворената капија и со такси-возило се упатиле кон Кавадарци.

По пријавата на невообичанената кражба и преземените мерки, полицијата ги пронашла и привела двајцата осомничени.
Според полицијата, станува збор за С.Н. (31) и И.П.А. (26), и двајцата од Кавадарци.

Од полицијата засега нема информации која е причината за кражбата на павијанот. Од МВР велат дека по целосното расчистување на случајот и документирањето на настанот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.