Македонија Двајца повредени во вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес

Двајца повредени во вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес

Две лица се повредени во вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес. Автомобил „фолксваген голф“ со велешки регистарски таблички се превртел на коловозот, што во доцните попладневни часови предизвика долги колони возила да чекаат за да ја поминат локацијата на несреќата.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека во СВР Скопје во 16:50 часот било пријавено за автомобил кој удрил во бетонска ограда крај автопатот, по што се превртел.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.С.(83) од Велес“, информираат од МВР.

Со телесни повреди се здобил и возачот З.С. (57) од Велес, кои биле констатирани во Градската општа болница Велес.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Скопје.