Македонија Двајца загинати во сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево

Двајца загинати во сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево

„Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош. Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото“, информираат од МВР

Фото: Photo by Artyom Kulakov: https://www.pexels.com/photo/a-broken-windshield-of-a-car-2265634/

Две лица загинаа во сообраќајната несреќа што утрово во 7:10 часот се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на каменоломите. Сообраќајот беше во прекин во двата правци до 9:50 часот утрово, а во моментов е нормализиран.

Сообраќајната несреќа ја потврди и Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде информираат дека во неа учествувале две патнички возила: „ауди“ со странски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Е.З. од Кичево и „шкода“ со скопски ознаки што ја управувал Ш.Н. (48) од тетовското село Камењане.

„Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош. Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото“, информираат од МВР.