Хроника Дваесет и деветгодишен скопјанец исчезнал пред десетина дена

Дваесет и деветгодишен скопјанец исчезнал пред десетина дена

Вчера, околу 13 часот, во полициската станица Бит-пазар, скопјанката В.Х.К. го пријавила за исчезнат својот 29-годишен брат А.К., информираат од полицијата.

Според пријавата, тој излегол од дома на 16 февруари, а три дена подоцна, на 19 февруари, последен пат се слушнал со семејството, од кога му се губи секаква трага.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.