Македонија Два случаја на семејно насилство во Охрид

Два случаја на семејно насилство во Охрид

Против двете лица кои извршиле семејно насилство ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР

Image by Tumisu from Pixabay

Два случаја на семејно насилство биле регистрирани вчера во Охрид од страна на полицијата. Вчера полициските службеници од СВР Охрид, го привеле М.С.(54) од Охрид, по претходна пријава дека во својот дом физички ја нападнал неговата сопруга.

Вчеравечер, околу 20.50 часот, уапсен бил и С.Н.(34) од Охрид кој, во семејниот дом агресивно се однесувал кон членови на семејството а потоа и кон полициските службеници кои биле повикани.

По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.