Македонија Два милиони евра помош за децата-бегалци во Македонија и во Србија

Два милиони евра помош за децата-бегалци во Македонија и во Србија

Директоратот на Европската комисија за хуманитарна помош и за цивилна заштита (ЕКХО) одобри два милиони евра за Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) за децата-бегалци во Србија и во Македонија, соопштено е денеска.

Во соопштението се наведува дека тоа е прв придонес што Директоратот го дава на УНИЦЕФ за потребите на бегалците и на мигрантите кои се движат низ Европа.

„Проектот ќе обезбеди два милиони евра помош за 170.000 доенчиња, деца и мајки, а детското катче ќе работи 24 часа, седум дена во неделата. Семејствата во тие простории можат да одморат, да добијат прва помош и основи работи за зимата, како што се ќебиња и детска облека, а проектот ќе помогне во зајакнување на системот за заштита на децата“, стои во соопштението.