Свет Европа Давутоглу: Не наредив да се урне рускиот авион

Давутоглу: Не наредив да се урне рускиот авион

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека не издал наредба турските сили на 24 ноември да го соборат рускиот авион „су-24“ кај границата со Сирија.

Давутоглу за турскиот канал НТВ објасни оти не можел да даде таква наредба бидејќи рускиот авион бил само 17 секунди во турскиот воздушен простор.

Сепак, турскиот премиер рече дека неколку дена пред инцидентот, Генерал-штабот на турската војска ја овластил командата на воздухопловните сили да ги урива авионите што ќе го нарушат воздушниот простор на Турција.