Главна секција Дури 269.000 возила во земјава се постари од 18 години

Дури 269.000 возила во земјава се постари од 18 години

Од 466.000 регистрирани возила во земјава, заклучно со 2017 година дури 269.000 биле произведени пред 2002 година. Математиката покажува дека повеќе од половина од возилата кои секојдневно се возат на улиците во нашата држава се постари од 18 години.

Според правилникот за олдтајмери на Министерството за економија, статус на возило со посебна музејска вредност (олдтајмер) се доделува на возило што е постаро од 35 години. Тоа значи дека во возниот парк во земјава доминираат возила кои со „две тркала“ веќе го преминале прагот да станат олдтајмери.

Еколозите подолг период алармираат дека ваквата состојба придонесува до згоелемено загадување на воздухот, бидеќи ваквите возила користат мотори со застарени стандарди кога се во прашање издувните гасови и бараат Владата да го ограничи увозот на користени возила.