Македонија ДУИ: Задоволни сме од придонесот на партијата со што е овозможен цензусот

ДУИ: Задоволни сме од придонесот на партијата со што е овозможен цензусот

Фото: Борче Поповски

Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити, рече дека во партијата се задоволни од придонесот во двата изборна круга со што е овозможен цензусот и предноста на нивниот концепт.

– Нашите првични неофицијални проценки се дека има околу 90.000 албански гласови кои го поддржаа концептот на консензус. Сакам да изразам длабока загриженост во врска со информациите на теренот за тивок, но активен и организиран бојкот од страна на албанската опозиција. Тоа значително се забележува во општините со кои управуваат како Желино, Боговиње, Врапчиште и Гостивар – изјави Меџити.

Според него, тие „деструктивни напори на опозицијата“ се помали од прогресивните сили на граѓаните.

– Граѓаните не дозволија кризни и злонамерени сценарија за државата и за Албанците. Движењето на земјата кон НАТО и ЕУ нема сила која може да ја спречи, а ние во ДУИ сме старатели и гарантот на ова патување – рече Меџити.