Македонија ДУИ: Советот на обвинители и Катица Јанева да ја надминат настанатата ситуација

ДУИ: Советот на обвинители и Катица Јанева да ја надминат настанатата ситуација

„Демократската унија за интеграција (ДУИ) се надева дека Советот на јавни обвинители во соработка со специјалната обвинителка ќе ја надминат настанатата ситуација со заемно разбирање и дека ќе дејствуваат во согласност со Законот за специјален обвинител што беше усвоен од четирите најголеми политички партии со 111 гласа“, стои во денешното писмено соопштение на ДУИ.

Во соопштението од партијата истовремено се додава и дека „политичкиот дијалог во рамките на работните групи помеѓу четирите политички партии треба да продолжи што е можно поскоро во правец на решавање на другите отворени прашања“.