Македонија ДУИ ја напушти комисијата за надзор на УБК и на АР

ДУИ ја напушти комисијата за надзор на УБК и на АР

Пратениците од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја напуштија седницата на Комисијата за надзор над работата на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР), бидејќи членот на комисијата од нивните редови, Зулфи Адили, нема добиено безбедносен сертификат.

Пратениците на ДУИ најавија дека нема да учестуваат во работата на Комисијата додека Адили не добие безбедносен сертификат.

По интегративците, седницата ја напушти и независната пратеничка Роза Топузова-Каревска, истакнувајќи дека УБК не може да се става над Собранието и да не издава сертификат за пратеник.

Другите петмина членови на Комисијата, од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, денеска го усвоија деневниот ред, односно барање за посета на УБК и за извештајот за работата на Управата за 2014 година.

Терминот на посетата на УБК ќе биде дополнително утврден.