Македонија ДУИ избра ново претседателство

ДУИ избра ново претседателство

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Тетово го одржа четвртиот состанок на Генералниот совет на кој беа избрани членовите на централното претседателство на партијата.

За потпретседатели на партијата избрани се Изет Меџити, Арбер Адеми, Бајрам Реџепи и Арбана Пашоли. Блерим Беџети ќе биде организациски секретар, на местото на досегашниот Артан Груби. Фатон Ахмети е генерален секретар, а Саранда Имери, секретар за еднакви можности.

Централниот совет на партијата ќе го сочинуваат Али Ахмети, Рамиз Мерко, Јетон Шаќири, Фатмир Дехари, Крешник Бектеши, Талат Џафери, Невзат Бејта, Валдет Џафери, Теута Арифи, Џеват Адеми, Артан Груби, Бујар Османи, Висар Ганиу, Назим Буши, Ејуп Халими, Ариан Даци, Бесник Емшиу, Мирсад Ибраими, Ардита Дани, Билент Сали, Реси Абдурахмани, Шергил Беќири, Шабан Мемети, Артин Спахиу и Емир Сулејмани.

Во Надзорниот совет на партијата се предложени Муса Џафери, Беким Незири, Јуамин Синани, Зенун Матјани, Мемет Селами, Шукри Масурица и Недим Рамизи.