Главна секција Државните органи имаат рок од 30 дена да почнат со објавување на...

Државните органи имаат рок од 30 дена да почнат со објавување на сите податоци за јавните набавки

Владата ja разгледа и усвои информацијата за статусот на реализација на Националниот акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година.

Како дополнителен заклучок, Владата ги задолжи сите органи на државната управа, согласно утврдените достигнувања во заложбата „Можност за објавување на основните информации за јавните набавки на интернет-страниците на институциите“ во рок од 30 дена на своите интернет страници (или ако немаат своја, на интернет-страницата на институцијата под чијашто надлежност работат) да објават линкови од објавените годишни планови за јавни набавки (и нивните измени и дополнувања), огласите за јавни набавки, известувањата за склучен договор и склучените договори и известувањето за реализиран договор за 2019 година, преку автоматско преземање на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и истото да го вршат континуирано, како што овие документи се објавуваат на ЕСЈН.

Владата оваа постапка за транспарентност на јавните набавки им ја препорачува и на единиците на локалната самоуправа.