Македонија Државна матура ќе полагаат 17.643 ученици

Државна матура ќе полагаат 17.643 ученици

Оваа година државна матура ќе полагаат 17.643 ученици, од кои 8.815 се од гимназиско образование, 8.550 од средно стручно образование и 278 од средно уметничко образование.

Учениците ќе полагат екстерно три предмети, а за сите задолжителен е испит од мајчиниот јазик.

На 11 јуни се полага мајчин јазик, на 15 јуни се полага странски јазик, на 17 јуни – математика, а на 19 јуни ќе се полагаат физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.

„Испитниот материјал се доставува во училиштата и се враќа во ДИЦ истиот ден кога се реализира испитот. Сите испити почнуваат во 10 часот. Во процесот на реализација на матурата, во училиштата се ангажирани 2.117 наставници како спроведувачи на тестот и околу 200 набљудувачи претставници од институциите надлежни за образованието во Република Македонија“, информираат од Државниот испитен центар.