Свет Свет Дронов: Соборениот руски авион не претставуваше закана за Турција

Дронов: Соборениот руски авион не претставуваше закана за Турција

Борбениот авион „сухој 24“ што го соборија турските сили за безбедност, не претставуваше закана за Турција ниту за нејзините граѓани, изјави денеска заменик-шефот на руските воздухопловни сили, Сергеј Дронов.

Црната кутија од авионот била отворена пред новинарите, а потоа била префрлена во специјална лабораторија.

Дронов истакнал дека Русија има докази дека соборениот авион не го повредил воздушниот простор на Турција.

– Во секој случај, соборениот руски бомбардер не претставувал закана за Турција и за нејзините граѓани – изјавил заменик-шефот на руските воздухопловни сили.

Тој истакнал дека црната кутија на соборениот авион била оштетена и дека за симнувањето на податоците ќе биде користена специјална опрема.

Повеќе информации за тоа што е забележано на снимката на летот ќе бидат објавени в понеделник.