Економија Драстично се зголемува бројот на превезените патници и стоки

Драстично се зголемува бројот на превезените патници и стоки

Товарниот воздухопловен превоз во 2014 година е за 96,4 отсто зголемен во споредба со истиот период минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според статистичките податоци за истиот период, во споредба со третото тримесечје од 2013 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 13,2 отсто, а во железничкиот превоз за 21,3 проценти.

Во третото тримесечје од 2014 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници изнесува 1.929.000, во железничкиот превоз – 208.000, во градско-приградскиот превоз – 19.669.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 428.284.