Свет Европа Драги: ЕЦБ има инструменти да ја поттикне инфлацијата

Драги: ЕЦБ има инструменти да ја поттикне инфлацијата

Шефот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги, изјави дека таа европска монетарна институција располага со „мноштво инструменти“ за поттикнување на инфлацијата, која последните години е прениска и го спречува развојот.

На сесија во рамките на Светскиот економски форум во Давос, Драги изјави дека одборот на банката има „одлучност, подготвеност и капацитет да дејствува и да ги искористи тие инструменти“.

Годишната инфлација од 0,2 проценти во еврозоната е далеку под целната, нешто помалку од 2 проценти, која се смета за најпогодна за пораст и за отворање нови работни места.

Економијата во еврозоната има умерен пораст и невработеност од 10,5 проценти, која полека се намалува.

Наглиот пад на цената на нафтата ја поттикна Европската централна банка да ја зголеми инфлацијата.