Македонија ДПМНЕ ќе слави роденден и ќе ја отвори новата зграда на плоштадот...

ДПМНЕ ќе слави роденден и ќе ја отвори новата зграда на плоштадот ВМРО

ВМРО-ДПМНЕ в сабота, во 19 часот, ќе го прослави својот 25. роденден. Воедно ќе се одбележат и 122 години од формирањето на ВМРО. Според најавите, роденденот ќе се одржи во новата зграда на партијата, која претходно ќе биде свечено отворена.

На манифестацијата се поканети претставници од дипломатскиот кор, од јавниот политички живот, професори, министри, пратеници…

Се очекува говор да одржи премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Минатата година партијата роденденот го прослави во Mузејот на современа уметност во Скопје.