Македонија Дожд и температури пониски за 10 степени од претходно

Дожд и температури пониски за 10 степени од претходно

Во поголем дел од земјава денеска ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд, над 20 литри на квадратен метар.

Дневните температури ќе се движат од 16 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, со температура до 24 степени.

Утре ќе продолжи да дува засилен северен ветер, а во источните делови сѐ уште ќе има услови за локален дожд. Дневната температура во наредните два дена значително ќе се намали.

Од среда ќе настапи стабилизација, со постепен пораст на дневната температура.