Македонија Досега се доставени 4.355 лични карти на домашна адреса на граѓаните

Досега се доставени 4.355 лични карти на домашна адреса на граѓаните

Само 5% од граѓаните не биле најдени на домашна адреса за достава, извести дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев

Фото: МВР

Од 17 јануари досега, 4.355 лични карти се доставени на домашна адреса на граѓаните, извести дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој денеска заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска ги посети управните служби на МВР во зградата на Македонска телевизија.

На средбата биле доставени информации за текот на процесот на достава на личните документи на домашна адреса на граѓаните.

„Овој процес започна на 17 јануари и веќе тече еден месец. На мое големо задоволство, како што бев информиран од страна на раководството, граѓаните одговараат многу позитивно на овој процес, при што само 5% од граѓаните не се најдени на домашна адреса за достава. Во рамките на овој период доставени се 4.332 лични карти на домашна адреса на граѓани”, изјави Бојмацалиев.