Свет Свет Донецк: Убиени двајца тинејџери

Донецк: Убиени двајца тинејџери

гранатирано училиште во Донецк

Двајца тинејџери се убиени при бомбардирањето на Донецк, јавија светските медиуми. Според локалните медиуми, момчињата играле фудбал во школскиот двор кога се случило бомбардирањето.

Училиштето се наоѓа на околу три километри од аеродромот во Донецк, каде со месеци се водат борби меѓу проруските сепаратисти и украинските власти.

Бомбардирањето на истокот на Украина и понатаму продолжува и покрај прекинот на огнот, кој е постигнат пред два месеци.

Украинските власти ги обвинија бунтовниците за „нехуманиот напад“ и апелираа ОБСЕ да испрати набљудувачи на „местото на злосторот“.