Свет Европа Донецк: Проруските сепаратисти го повлекуваат тешкото оружје

Донецк: Проруските сепаратисти го повлекуваат тешкото оружје

Проруските сепаратисти од самопрогласената народна република Донецк денеска соопштија дека почнале да го повлекуваат тешкото оружје од првите линии на фронтот.

Како што соопшти претставникот на министерството за одбрана на самопрогласената република, Едуард Басурин соопшти дека е планирано повлекување на 96 единици артилериско оружје Д-30 од реонот на Дебалцево, Горловска, Донецк и на Телманово.