Свет Европа Донецк: Повеќе од 30 загинати во експлозија во рудник

Донецк: Повеќе од 30 загинати во експлозија во рудник

Најмалку 30 лица загинаа во експлозија во рудникот за јаглен „Засјадко“, во украинскиот град Доњецк, а 70 рудари сè уште се наоѓаат заглавени на 200 метри под рударското окно, соопштија властите на самопрогласената Донецка народна република.

Како што јавуваат руските медиуми, спасувачките екипи веќе работат на теренот и досега успеале да извлечат околу 160 рудари.

Според првичните информации, причина за синоќешната експлозијата е мешање на запалив гас со воздух.