Подглавна секција Доналд Трамп треба да и плати 83,3 милиони долари на жена која...

Доналд Трамп треба да и плати 83,3 милиони долари на жена која го тужеше за клевета

Одлуката што ја донесе поротата за помалку од три часа, далеку ги надмина минималните 10 милиони долари што Керол ги барала.

Фото: Gage Skidmore from Peoria, AZ, United States of America, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons

Судот во Њујорк му наложи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да и плати отштета од 83,3 милиони долари на Џин Керол, која го обвини за уништување на нејзината репутација како доверлива новинарка при негирање дека ја силувал пред речиси три децении.

Одлуката што ја донесе поротата за помалку од три часа, далеку ги надмина минималните 10 милиони долари што Керол ги барала.

Поротата ѝ додели 18,3 милиони долари за компензација и 65 милиони долари за казнена отштета.

По пресудата, Трамп на неговите социјални мрежи пишува дека „правниот систем е надвор од контрола и се користи како политичко оружје.“

Осумдесетгодишната Керол го тужеше Трамп во ноември 2019 година, откако тој негираше дека ја силувал во средината на 1990-тите во штанд во стоковната куќа Бергдорф Гудман.

Трамп тврдеше дека никогаш не слушнал за Керол и дека таа ја измислила приказната за да ја зголеми продажбата на нејзините мемоари.