Македонија Донација од кинеската полиција за вработените во МВР

Донација од кинеската полиција за вработените во МВР

„По претходно барање и остварена комуникација од Министерството за внатрешни работи, денеска преку амбасадата на Народна Република Кина во Скопје, добивме донација во медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на нашите вработени кои, како што е познато, заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од Ковид 19“, соопштија од МВР.

Од таму додаваат дека, донацијата е потврда за важноста и значењето на поддршката, пред се за солидарноста меѓу државите, особено кога има закани со глобални импликации и чии што последици можат да бидат погубни, ако не се реагира соодветно и благовремено.