Економија Домашните компании ќе може да користат 30 милиони евра, со поволна камата

Домашните компании ќе може да користат 30 милиони евра, со поволна камата

Домашните компании ќе можат да искористат средства во износ од 30 милиони евра, преку поволната кредитна линија од Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) со субвенционирана камата, која не е поголема од 5,5 отсто.

– МБПР има значајна кредитна линија што ја обезбеди Владата, која многу им помага на домашните компании. Досега Владата обезбеди 350 милиони евра, главно од Европската инвестициска банка, со кои се овозможи субвенционирана камата со голем рок на отплата од осум и повеќе години – изјави премиерот Груевски, нагласувајќи дека Владата ја субвенционира каматата, која не смее да биде повисока од 5,5 проценти.

Тој нагласи дека покрај субвенционираните кредити за домашните компании се предвидени и други мерки.

– Триста и педесет милиони евра се искористија од домашните компании, субвенционираните камати ги плати буџетот на државата, а тие отворија досега околу 6.200 работни места – изјави Груевски.