Македонија ДОМ ја напушта владината коалиција

ДОМ ја напушта владината коалиција

Лилјана Поповска, претседателка на ДОМ, соопшти дека ја напушта владината коалиција.

„На вчерашната седница на Извршниот одбор на ДОМ, беше разгледувана политичката ситуација во земјата и беше донесена одлука за излегување од владината коалиција. Беше заклучено дека со овој чекор ДОМ ќе помогне во решавањето на длабоката политичка криза која е закана за стабилноста на Република Македонија. Оваа одлука ќе биде предложена на Централниот одбор, што ќе се одржи деновиве“, соопшти Поповска на својот фејсбук-профил.